Шок за Енрике: ПСЖ во финалето со Арсенал може да биде без најголемата ѕвезда!

by Стефан
1 минути читање

Во Пари Сен Жермен владее голема загриженост пред финалето во Лига на шампиони против Арсенал, откако Осман Дембеле мораше предвреме да го напушти теренот во последното коло од француското првенство.

Актуелниот освојувач на „Златната топка“, според првичните информации, заработил повреда на мускулот за време на поразот од 2-1 во градското дерби против Париз, а тренерот Луис Енрике по натпреварот откри нови детали за состојбата на својата најголема ѕвезда.

Дембеле во неделата предвреме го напушти теренот на стадионот „Жан Буен“ и директно се упати кон соблекувалната поради проблеми со задната ложа. Тајмингот на повредата не можеше да биде полош за тимот на Луис Енрике, бидејќи финалето против Арсенал е закажано за сабота, 30 мај.

Дембеле и оваа сезона е клучен играч на парижаните, а неговото евентуално отсуство во европското финале би било огромен удар за амбициите на клубот втора година по ред да стигне до трофејот. Со своите одлични настапи тој имаше голем удел во елиминацијата на Ливерпул во четвртфиналето, а особено блескаше против Баерн Минхен во полуфиналето, каде што постигна два гола и запиша една асистенција во двата натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×