Шкотска со три бода замина од Скопје, ние не создадовме ни шанса – кризата продолжува

by riste
1 минути читање

Продолжува црната серија на Македонија, врзавме седум натпревари без постигнат гол, денеска загубивме од Шкотска со 0-2 среде Скопје.

11 натпревари по ред без победа, седум без даден гол, македонската фудбалска репрезентација против Шкотска не успеа да создаде ниту шанса за гол иако во последните минути игравме со фудбалер повеќе.

Противникот комплетно не надигра, имавме само неколку непрецизни шута во текот на натпреварот и тоа беше се од момците на Седлоски.

Шкотска фуриозно го почна мечот, нападна од првата минута, а веќе во седмата водеше со 1-0 со гол на Боуи од далечина.

Македонија имаше посед на топката од проигрувања во својата половина, а Шкотите беа оние кои создаваа шанси. Благодарение на одбраните на Димитриевски водството на противникот не беше повисоко.

Во 65. минута се случи спорна ситуација во нашиот шеснаесетник која судијата Летексие ја оцени како пенал поради играње со рака од страна на Миовски. Најстрогата казна ја реализираше МекГин за водство на Шкотска и од 2-0.

Шкотите го контролираа натпреварот, веќе беше јасно дека и во овој натпревар ќе останеме со празни раце.

Во 83. минута Мекена заработи директен црвен картон поради остар старт врз Елези. Македонија последните минути игра играше со фудбалер повеќе, но ни тоа не помогна конечно да постигнеме гол.

Се случи уште една очајна претстава на македонската фудбалска репрезентација која отвора прашања дали одиме по вистинскиот пат.

Следниот натпревар на Македонија е во вторник против лидерот во групата, селекцијата на Швајцарија.

Во вториот меч од нашата група Швајцарија денеска ја совлада Словенија со 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×