Денеска на програмата се два натпревари од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија во Гостивар ќе го пречека Башкими, Силекс во Кратово е домаќин на Тиквеш.
Поради неможноста да игра на својот стадион во Тетово кој е во фаза на реновирање, Шкендија во Гостивар ќе биде домаќин на Башкими.
По одличниот старт на сезоната, тетовскиот тим киксна на последните два меча, загуби од Тиквеш и одигра реми со Арсими.
Во Шкендија сметаат дека Башкими е идеалниот тим за враќање на победничките патеки, но кумановци во добро расположение ќе патуваат во Гостивар. Немаат пораз во последните два меча, победа над Скопје и реми со Вардар.
Вториот дуел ќе биде интересен Силекс веќе четири меча по ред не знае за победа, кратовскиот тим го пречекува Тиквеш кој на четвртата позиција на табелата и нема пораз на последните четири дуели.
Двата натпревари почнуваат од 16 часот со преноси на Арена Спорт Македонија.
ПМФЛ 8. коло
Петок
Шкендија – Башкими 16:00
Силекс – Тиквеш 16:00
Сабота
Вардар – Шкендија (А) 20:00
Понеделник
Струга – Арсими 16:00
Среда
Брегалница – Скопје 18:00
Табела: Шкендија 16, Струга 14, Шкендија (А) 13, Тиквеш 12, Вардар 11, Силекс 8, Арсими 8, Брегалница 7, Башкими 4, Скопје 3.