Шкендија против Башкими им се врати на победите, реми на Силекс и Тиквеш (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Шкендија им се врати на победите по две кола без триумф, откако на домашен терен убедливо го совлада Башкими со 4-1 во рамките од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци во најголемиот дел од натпреварот беа подобар противник и на крајот заслужено стигнаа до трите бода. Домаќините поведоа во 16. минута преку Нзенгуе, кој ја затресе мрежата на Башкими за 1-0. Гостите, сепак, покажаа дека можат сериозно да се заканат. По неколку пропуштени можности, Башкими успеа да израмни во 42. минута преку Исмаили.

Шкендија не дозволи на пауза да замине со нерешен резултат. Во судиското продолжение од првиот дел, новото засилување од Косово, Криезију, го постигна својот прв гол во македонскиот фудбал и донесе водство од 2-1.

Во второто полувреме избраниците на Положани го контролираа натпреварот и не му дозволија на противникот да создаде посериозна шанса пред нивниот гол. Точка на победата ставија Тамба и Трумчи, кои со своите голови го поставија конечниот резултат од 4-1.

На вториот натпревар од денешната програма, Силекс и Тиквеш одиграа без голови во Кратово.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×