19
Списокот на можни противници на Шкендија во плеј-оф колото од Конференциската лига е скратен, сега е појасно со кој може да игра македонскиот претставник.
Ждрепката ќе се одржи денеска во Нион со почеток од 14 часот.
Доколку Шкендија го мине Хибернијан, ќе игра со некој од Монако, Брајтон, Бохемиан или Митјиланд, Гетеборг или Гент и Пафос или Салцбург.
Тетовскиот клуб не е носител во ждрепката, па како што може да се види сите опции се силни, некои повеќе од другите, но нема слаби противници.
Главниот фокус на Шкендија е мечот со Хибернијан. Првиот дуел е во Шкотска веќе во четврток со почеток од 21 часот.