Шкендија Арачиново едвај до победа во Прилеп, Новаци го понижија Големо Коњари

by Стефан
1 минути читање

Екипите од горниот дел на табелата не дозволија изненадувања во натпреварите од деветтото коло, кои се одиграа денеска од 13:30 часот.

Шкендија Арачиново потешко од очекуваното славеше во Прилеп против Победа со минимални 1-0, со што со натпревар повеќе од Брегалница изби осамен на врвот.

Третопласираниот Охрид триумфираше со 2-1 на гостувањето кај Преспа, која по славјето во минатото коло над Тетекс, повторно се врати на старите навики. Со ист резултат, Скопје славеше на гостувањето кај Саса Камениц.

Најубедлив настап имаше Новаци, кои целосно ја декласираа последнопласираната екипа на Големо Коњари со убедливи 7-0.

Во останатите средби, Беласица со 2-0 беше подобра од Кожуф, Тетекс на домашен терен го совлада Осогово со 3-0, додека Вардар Неготино и Слога Виница одиграа 2-2.

Деветтото коло ќе биде комплетирано вечерва од 17:00 часот, кога во Штип ќе се сретнат Брегалница и Детонит. Со евентуален триумф, штипјани ќе се израмнат со Шкендија Арачиново на врвот на табелата со по 26 бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×