2,8K
Војчеј Шчесни стана вистински миленик на навивачите откако пристигна по повредата на Германецот, Тер Штеген.
Сега во интервју за „ЕСПН“, Шчесни зборуваше и за својот порок, страста кон цигарите. Како што вели Полјакот тоа е дел во кој младите не треба да го следат.
„Постојат аспекти на играта во кои верувам дека можам да бидам пример за младите или своите соиграчи, но постојат и работи кои ги правам и кои не трбеа да се следат од другите. Кога станува збор за пушењето, ве молам немојте да ме следите. Јас таа битка ја изгубив. Како млад создадов навика која денес ми штети и свесен сум за таа ситуација, немојте да го правите истото што и јас“, изјави Шчесни.