Шампионските аспирации на Манчестер Сити на огромен тест, пет натпревари во две недели

by bojan
1 минути читање
Манчестер Сити

Манчестер Сити ќе има пеколен финиш на сезоната, момците на Пеп Гвардиола ќе одиграат пет натпревари во период од 15 дена.

По серијата лоши резултати на Арсенал, Манчестер Сити се врати во битката за титулата во Премиерлигата и многу параметри се на нивна страна.

Но момците на Пеп Гвардиола ќе треба да покажат психолошка и физичка подготвеност да ја завршат работата.

„Граѓаните“ можат да се најдат во негатива од шест бода во однос на Арсенал, а во прилог не им оди ниту густиот распоред, Манчестер Сити ќе одигра пет натпревари во период од 15 дена.

Лудилото почнува со гостување кај Евертон на 4. мај, потоа следува домашен натпревар против Брентфорд, гостување кај Кристал Палас, меч против Челси на Вембли во финалето на ФА купот, и гостување кај Борнмут на 19. мај.

Доколку до тогаш не е познат новиот шампион на Англија, последното коло е на програмата на 24. мај, Манчестер Сити ќе ја пречека Астон Вила на „Етихад“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×