44
ПСЖ потврди дека сезоната за Нејмар е завршена. Во наредните денови ќе му биде извршена операција поради која ќе биде отсутен околу 3-4 месеци од групните тренинзи.
Нејмар заработи повреда на зглобот и се очекуваше да се врати по еден месец пауза, но новите вести за него не се добри.
Тој објави и пост на својот инстаграм профил, напиша дека ќе се врати посилен.