Медиумите од Италија пренесуваат дека во договорот на Сеск Фабрегас со Комо има специјална клаузула со која младиот стратег може да замине за фиксна сума доколку тропне некој од неговите поранешни клубови.
Сеск Фабрегас на клупата на Комо се промовираше како еден од најдобрите млади тренери, па убавиот фудбал и резултатите го привлекоа вниманието на неколку клубови.
Летото во 2025 година, Интер се обиде да го ангажира Шпанецот како наследник на Симоне Инзаги, но Комо тогаш не сакаше да слушне за разделба.
Но последните информации велат дека три клуба можат да го ангажираат Сеск Фабрегас без преговори.
Медиумите од Италија пренесуваат дека во договорот на Шпанецот има специјална клаузула со која тој може да замине доколку на вратат тропнат Арсенал, Барселона или Челси.
Неговите поранешни клубови само ќе треба да платат фиксна сума и без преговори да го ослободат од обврските со Комо.
ФОТО: X/Como1907