Неодамна, првиот
човек на ФФИ, Габриеле Гравина побара да се одложи 30. коло во Серија А со цел „аѕурите“
да имаат повеќе време за подготовка за бараж мечевите за пласман на
мундијалот во Катар.
Избраниците на Роберто
Манчини на 24. март играат против Македонија во полуфиналето, a пет дена подоцна е закажано финалето.
Сепак, Серија А
реши да го игнорира барањето, па натпреварите во Калчото ќе се играат според планираното и нема да има слободен викенд во периодот 18-20 март.
30. коло ќе
започне во петок во 18:45 часот со мечот помеѓу Сасуоло и Специја а ќе заврши
во недела во 20:45 часот. На програмата се две интересни пресметки, Интер ја
пречекува Фиорентина, а ќе се игра и дербито на Рим, Рома е домаќин на Лацио.
Фото: ФФМ