Серафимов: Среќен сум поради првиот гол, се надевам нема да биде и последен!

by riste
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец, Никола Серафимов го постигна деби голот за Левски во победата од 3-0 над Хебар во Купот на Бугарија.

Нашиот дефанзивец е среќен поради деби погодокот и се надева дека и во иднина ќе ги тресе противничките мрежи иако е играч од одбраната.

„Многу сум среќен што го постигнав првиот гол за Левски, а уште посреќен сум што тоа го направив во Купот на Бугарија. Знаевме дека нема да биде лесно, но тренерот бараше од нас да влеземе максимално сконцентрирано во натпреварот. Се надевам дека и во иднина ќе му помагам на тимот и дека ова нема да ми биде последен гол за Левски“, изјави Серафимов по натпреварот.

Тој ги одигра сите 90 минути, за него ова беше втор меч откако потпиша за Левски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×