Македонскиот репрезентативец, Никола Серафимов се најде во тимот на 18. коло во најдобрата унгарска лига.
Серафимов ја потврди одличната форма во која се наоѓа, тој важи за еден од најдобрите фудбалери на Фехервар. Тимот во кој игра Македонецот победи со 1-0 против Пушкаш, а тој беше еден од најзаслужните што мрежата им мируваше.