Сензационалниот Фати „потпиша“ за Шпанија

by
1 минути читање

16 годишниот
фудбалер на Барселона, кој изминатиов период стана вистинска сензација, Ансу
Фати доби шпански пасош, а тоа значи дека во иднина ќе може да настапува
за Шпанија на интернационално ниво.

„Марка“ пишува
дека сите административни процедури се завршени околу шпанскиот пасош на
Фати, официјално сите процедури се завршени токму денеска, а Фати ќе биде на
располагање на „Црвената фурија“ за Светското првенство за фудбалери до 17
години кое годинава се игра во Бразил идниот месец.

Фати живее во
Шпанија од својата шест годишна возраст, тој најпрво се преселил во Севиља со
своето семејство, никогаш нема настап на интернационално ниво што се однесува
до репрезентативната кариера, тој јасно посочи дека ја преферира Шпанија во
однос на неговата родна Гвинеја Бусау, каде е роден, или Португалија.

Тинејџерот се
пресели во академијата на Барса, популарната „Ла Масија“ во 2012. година, а
првиот професионален договор со Каталонците го потпиша во јули годинава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани