Сензационална вест од Турција за Енис Барди!

by
2 минути читање

Денес „Erkhaber“ пренесе сензационална вест за македонскиот репрезентативец и член на шпанскиот прволигаш Леванте, Енис Барди.

Истиот медиум ја
отвори можноста да новиот турски Суперлигаш, Ерзурумспор го ангажира Барди, а Македонецот
наводно бил понуден од менаџери.

Постои можност
Ерзурумспор да го добие потписот на Енис Барди, тој е понуден од страна на
менаџери, а 23 годишниот Македонец побара време за да размисли
“ пишуваат во
Турција.

Турците знаат да
направат изненадувачки трансфери, а за тоа ретко се штедат, но, на Ерзурумспор
ќе му бидат потребни 25 милиони евра доколку сака да го ангажира Барди,
всушност, онолку, колку што изнесува неговата откупна клаузула во договорот со
Леванте, трета најскапа во тимот од Валенсија.

Насловот на веста
на претходно наведениот медиум кој ја пренесе оваа најава гласи „Енис Барди би
можел во Ерзурумспор, фудбалерот кој ја скрши Барселона
“, алудирајќи на
неговото фантастично издание против каталонскиот гигант во победата на Леванте
од 5-4, меч на кој нашиот фудбалер постигна два преубави гола.

Што се однесува
пак до Ерзурумспор, таа екипа преку плејоф фазата од Втората лига, избори место
во елитната Суперлига на Турција. 


Извор/Фото: erkhaber.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани