Седлоски: Од Динамо имам само убави сеќавањa, но сега сум од спротивната страна

by
1 минути читање

Утре (вторник) со почеток од 21 часот, Шкупи му гостува на Динамо Загреб во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски како фудбалер играше за Динамо Загреб, беше и капитен на хрватскиот тим, а имаше и кратка авантура како тренер на вториот тим.

„Секако дека од Динамо имам убави сеќавања како поранешен тренер, но сега сум од спротивната страна и велам дека нема лесно да се предадеме. Од она што можев да го видам, Динамо игра отворен фудбал па затоа мораме да бидеме внимателни, ќе го дадеме најдоброто од себе во текот на целиот натпревар за да стигнеме до позитивен резултат“, изјави Седлоски на денешната прес-конференција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани