Седлоски: Не ги искористивме шансите, Динамо победи на искуство

by
1 минути читање

Шкупи се покажа како исклучително тврд орев за Динамо Загреб кој сигурно очекуваше дека многу полесно ќе го помине македонскиот тим.

Сепак на крајот Хрватите ја остварија мисијата, со 1-0 победија во Скопје и се пласираа во следното коло од квалификациите во Лигата на шампионите.

„Ги предупредив моите играчи да внимаваат во воведните минути од второто полувреме, сепак не успеавме во тоа. Горд сум на моите момци, игравме против тим кој има поголем ростер на играчи. Динамо победи на искуство, ќе беше поинаку доколку Цефас дадеше гол за нас. Екипа како Динамо не простува такви работи. Игравме отворено, но не ги искористивме шансите“, изјави Гоце Седлоски по мечот.

Со поразот од Динамо не завршува настапот на Шкупи во Европа, тие се префрлуваат во квалификациите од Лига Европа каде ќе играат против Шамрок роверс од Ирска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×