Реал Мадрид вчера со 3-2 го победи Манчестер Сити на Етихад во спектакуларен меч, а еден од најсреќните беше Дани Себаљос.
Себаљос направи голема грешка и му подари пенал на премиерлигашот за водство од 2-1, по што беше заменет, но набрзо Дијаз стрелаше за 2-2, по што Белингам погоди за конечни 3-2.
По натпреварот, Себаљос се пошегува на социјалните мрежи и му се заблагодари на Дијаз што постигнал гол и го спасил да не седи на клупата во следните два месеци, како казна поради грешката.