Се појави тажна снимка од починатиот Адамс: Сите ја слават победата на Мундијалот, а тој седи сам

by Стефан
1 минути читање

Африканскиот фудбал денеска е погоден од трагичната вест за смртта на 25-годишниот јужноафрикански репрезентативец Џејден Адамс. Според неофицијалните информации, фудбалерот наводно си го одзел животот по период во кој се борел со депресија.

Локалните медиуми пренесуваат дека Адамс бил многу погоден кога на два дена пред дуелот со Чешка му починала бабата, но тој сепак одлучил да остане со тимот и да биде на располагање на селекторот.

Адамс беше стартер на првиот натпревар на Мундијалот, додека на следните две средби од групната фаза својата шанса ја чекаше од клупата за резерви.

Дополнителни реакции предизвика и видео-снимка која се појави на социјалните мрежи, а која многумина ја поврзаа со тврдењата дека фудбалерот минувал низ тежок психички период. На снимката се гледа како неговите соиграчи прославуваат победа над Јужна Кореја, додека Адамс, со бројот 23 на дресот, седи сам на клупата во позадина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×