Во првото видео Вида и Вукојевиќ ја поздравија украина со поздравот „Слава на Украина“. ФИФА не го суспендираше фудбалерот на Хрватска, но го опомена. А Хрватската фудбалска репрезентација го избрка Вукојевиќ од стручниот штаб.
Денеска се појави ново видео како Вида пие пиво и ја поздравува Украина со истиот поздрав, до него седи Ивица Олиќ.
„Ајде кафано, плаќам кога ќе дојдам. Слава на Украина, Белград гори, ајдеее“ – вели Вида.
Иако го споменува и Белград, не мисли на српскиот главен град, туку на кафана која се наоѓа во Киев.
Вида се извини откако беше опоменат, се чини дека ова видео е направено исто така по победата над Русија и фудбалерот не можел да влијае на неговото пуштање во јавност, но ова се нови непријатности за него.