Се најде некој и да го критикува Јамал: Така се оди на Ибицa – не кога си со репрезентацијата!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути го критикуваше Ламин Јамал поради неговиот стајлинг на прес-конференцијата на шпанската репрезентација.

На прес-конференцијата младиот фудбалер се појави со капа свртена назад и за Гути тоа е непочитување на репрезентацијата.

„Не можеш така да се појавуваш кога си со репрезентацјата. Во приватниот живот може да прави што сака и да носи што сака, но кога си со репрезентацијата има работи кои треба да се почитуваат. Може да ме наречете старомоден, но мене тоа не ми се допаѓа“,  изјави Гути.

Потенцираше Гути и дека луѓето околу него требало да го советуваат.

„Кога одиш на Ибица правиш што сакаш, но на конференцијата како фудбалер на Шпанија, не. Тоа е реалност и не е негова вина, тој е млад, луѓето околу него морале да го советуваат“, изјави Гути.

Низ својата кариера Гути стана вистинска легенда на Реал Мадрид и за „кралевите“ одигра над 500 натпревари и освои се што можеше да се освои.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани