Се е подготвено за „збогум“: Роналдо се сели во нов клуб!

by Стефан
1 минути читање

По две и пол години поминати во дресот на Ал Наср, легендарниот Кристијано Роналдо, според најреномираните светски медиуми, денеска и официјално ќе стави крај на својата соработка со клубот од Ријад.

Клубот најави прес-конференција на која се очекува спортскиот директор Фернандо Јеро да потврди дека португалскиот ас ја затвора оваа страница од кариерата. Дека нешто се подготвува, можеше да се насети и преку објава на Роналдо на социјалните мрежи викендов, каде што најави дека „едно поглавје завршува“.

Иако си заминува од Ал Наср, Роналдо најверојатно нема да ја напушти Саудиска Арабија. Според информации од шпанските медиуми, 39-годишниот напаѓач е на чекор од трансфер во редовите на Ал Хилал, најтрофејниот клуб во земјата, кој ќе настапува на Светското клупско првенство. Интересно е што Ал Хилал ќе биде во иста група со Реал Мадрид, што отвора можност Роналдо да се соочи со својот поранешен клуб.

И покрај импресивниот голгетерски учинок, 93 гола на 105 натпревари, Роналдо не успеа да донесе трофеи за Ал Наср. Во овој период, доминацијата во домашниот фудбал ја презеде Ал Хилал, кој лани ја освои шампионската титула, а сезонава се соочува со силна конкуренција од Ал Итихад.

Фото: Al Nassr/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани