Нешто повеќе од еден час пред големото финале на Светското првенство, познати се стартните состави со кои Шпанија и Аргентина ќе тргнат во битката за светската титула.
Двајцата селектори се одлучија за очекувани комбинации, без поголеми изненадувања, а довербата им ја дадоа на фудбалерите кои имаа најголем придонес во досегашниот дел од турнирот.
Кај Аргентина повторно нема место за Лаутаро Мартинез, и покрај тоа што напаѓачот беше клучен во полуфиналето против Англија, кога со гол во завршницата го одведе својот тим до финалето. Сепак, селекторот повторно се реши предност да му даде на Алварез.
Шпанија во финалето ќе настапи со составот: Симон на голот, Поро, Кубарси, Лапорт и Кукуреља во одбраната, Родри, Руиз и Олмо во средниот ред, додека офанзивниот дел го сочинуваат Баена, Ојарзабал и Јамал.
Аргентина ќе започне со: Мартинез, Молина, Ромеро, Лисандро Мартинез и Таљафико во последната линија, Де Пол, Мекалистер, Енцо Фернандез и Нико Гонзалез во средината, а во нападот ќе бидат Меси и Алварез.
Големото финале меѓу Шпанија и Аргентина започнува вечерва во 21:00 часот.