Eкипата на Ал Хилал направи вистински бум со победата над Манчестер сити на Светското клупско првенство, а по големата победа во јавноста се огласи српскиот фудбалер, Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Савиќ беше еден од фудбалерите кои ја напуштија Европа и избраа за поголема понуда да продолжат во Саудиска Арабија, сега го искористи овој момент да испрати порака до луѓето кои ги критикуваа.
„Ајде да видиме сега дали ќе не крити нè критикуваат“, изјави Савиќ.
Потсети Савиќ дека Ал Хилал на турнирот се покажал и во добро светло против останатите клубови.
„Покажавме на сите колку можеме против, Реал Мадрид, Салцбург и Пачука, а сега и против Сити. Верувам дека ќе продолжиме да играме на високо ниво“, порача српскиот фудбалер.
Во четвртфиналето, Ал Хилал ќе се соочи со Флуминенсе кој во осминафиналето беше подобар од Интер.