Саудиска Арабија подготвува нов архитектонски подвиг со кој повторно ќе го помести светскиот стандард во изградбата на спортски објекти, земјата најави проект за прв стадион што ќе биде изграден над земјата.
Планирано е стадионот да биде сместен во рамките на футуристичкиот мега-проект НЕОМ и тоа на околу 350 метри над земјата во внатрешноста.
Најавите се дека стадионот ќе биде со капацитет од околу 46.000 места, а Саудијците веруваат дека ова архитектонско чудо ќе стане централна арена за големи спортски настани, меѓу кои и Светското првенство во 2034 година, кога земјата ќе биде домаќин.
Иако концептните решенија веќе се презентирани пред јавноста, се наведува дека проектот сè уште е во фаза на планирање. Според моменталните информации, изградбата би можела да започне во 2027 година, а крајот се очекува во 2032 година.
📢🇸🇦 𝘽𝙍𝙀𝘼𝙆𝙄𝙉𝙂: Saudi Arabia’s NEOM 🇸🇦
— Artology (@ArtologyOffice) October 19, 2025
🏟️ **World’s First “Sky Stadium” – NEOM Stadium** ☁️
🪶 Suspended **350 meters (1,150 ft)** above ground!
👥 **46,000 seats** with breathtaking views
⚡ 100% **Renewable Energy powered** 🌞💨
🗓️ Opening: **2032**
⚽ Will… pic.twitter.com/fqaqZW90d2