Сасуоло го понижи Милан на Сан Сиро, росонерите примија пет гола (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан не само што ја загуби битката за одбрана на титулата, туку лошата форма е знак дека и местото за пласман во Лигата на шампионите им е сериозно загрозено.

На денешниот меч Милан даде прв гол, но погодокот на Жиру во осмата минута беше поништен поради офсајд.

Следуваа два погодоци на Сасуоло, Дефреи во 19. минута и Фратези две минути подоцна погодија за водство од 2-0.

Во 24. минута Жиру даде гол и намали на 2-1, но само шест минути подоцна Берарди ја врати разликата зголемувајќи на 3-1.

На самиот почеток од второто полувреме Лауренте зголеми и на 4-1, а Матеус Енрике во 79. минута погоди за 5-1. Две минути подоцна Ориги реализираше за конечни 2-5.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×