Сари: Клубот добро знае што посакувам

by
1 минути читање

Маурицио Сари
признава дека на Челси очајно му се потребни две засилувања, тој веќе има две
желби кои ги бара од клубот, а тоа се напаѓачот Гонзало Игуаин од Милан, како и
фудбалерот од средниот ред на Каљари, Николо Бареља.

Цеск Фабрегас веќе
и официјално си замина од Лондон и се пресели во Монако, а се
погласни се шпекулациите дека и Алваро
Мората ќе си замине, па токму Игуаин и Бареља се двете големи желби на
италијанскиот фудбалски стратег од клупата на Челси кој јасно ставил дознаење и
до челниците на клубот.

Како што добро
знаете, јас не сум инволвиран во трансфер политиката, но, зборував со челниците
на клубот и тие многу добро знаат дека мојата желба е сосема јасна, потребни ни
се две засилувања, а понатаму се
е одлука на клубот“ рече Италијанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани