Алваро Мората
побарал од Челси да си замине од тој клуб, шпанскиот напаѓач изразил желба да
игра за друг клуб, барем според зборовите на шефот на стручниот штаб на
Премиерлигашот, Маурицио Сари.
Мората се
приклучи на Челси во летото 2017. година, а тој трансфер Челси го чинеше 65
милиони евра, сума која како обештетување ја доби Реал Мадрид, но, Мората
потфрли во периодот минат во англиската престолнина, сепак, Сари упати пофалби
за напаѓачот, тој смета дека е одличен фудбалер.
„Мислам дека
Мората е многу добар играч“ изјави Сари а потоа ги откри и плановите на
шпанскиот напаѓач, со што се потврди тоа што се шпекулираше одреден период.
„Мората ги
поседува сите карактеристики за да игра во екипа која јас ја предводам. Но,
Мората, пред еден месец, рече дека сака да игра во друг клуб“ откри
италијанскиот фудбалски стратег.
„Тешко беше, а
воедно и многу комплицирано за него да даде 100% од себе во една таква
ситуација, но, мислам дека Мората е навистина еден важен играч, од еден физички
и технички аспект на фудбалската игра“ посочи Сари.
Неофицијалните
информации кои пристигнуваат, велат дека Мората ќе се приклучи на Атлетико
Мадрид на 18 месечна позајмица, истата шпанскиот прволигаш ќе го чини 7,5
милиони евра, а Јорганџиите ќе имаат опција да го откупат целосно неговиот
договор за 40 милиони евра.