Златан
Ибрахимовиќ пред две години, поточно по крајот на Европското првенство се
повлече од репрезентацијата на Шведска, но по пласманот на таа селекција на
Светското првенство во Русија претстојното лето, и по огромниот успех во бараж
фазата од квалификациите каде ја елиминираше Италија, кај напаѓачот се јави
голема желба да се врати во националниот тим.
„Шансите да играм
на Светското првенство се зголемени“ напиша шведскиот напаѓач на социјалните
мрежи.
Сепак, тешко дека
Јан Андерсон, селекторот на Шведска ќе испрати повик до 36 годишниот напаѓач на
американски Лос Анџелес Галакси, тој
често потенцираше дека Ибрахимовиќ не му е потребен а воедно и влезе во
расправија со медиумите за кои истакна дека му правеле притисок за оваа тема.