13
По повеќе од пет години, селекторот на Грузија, Вили Сањол се повелече од функцијата, промената доаѓа по вчерашниот пораз од Северна Ирска.
Сањол си поднесе оставка по вчерашниот натпревар кој Грузија го загуби со 0-1 на отворањето на новата сезона во Лигата на нации.
Французинот беше селектор на Грузија од февруари 2021 година. Под негово водство Грузијците одиграа 57 натпревари и се квалификуваа на Европското првенство за првпат во нивната историја.
За нов селектор е назначен Рамаз Сванадзе кој претходно беше тренер на Грузија У21.