Килијан Мбапе порано го заврши мечот против Турција поради повреда, Зинедин Зидан излезе со прва изјава за проблемот на напаѓачот.
Франција со 1-0 победи на гостувањето кај Турција, а единствениот гол беше дело на Мбапе.
Напаѓачот на Реал Мадрид се повреди во моментот кога го даде голот, по што го напушти теренот.
„Килијан Мбапе има истегнување на коленото. Не се чувствува добро. Нема да ризикуваме“, рече Зидан по натпреварот.
Голема е веројатноста Мбапе да ги пропушти останатите натпревари на Франција, а дополнително ќе биде утврдена тежината на повредата и дали таа ќе го загрози неговиот настап на следните мечеви на Реал Мадрид.
⚽️ BUUUUUUT DE MBAPPÉ ! 🇫🇷🔥
— TF1 (@TF1) September 25, 2026
Le capitaine des Bleus ouvre le score et délivre la France ! 🤩
🇹🇷 Turquie 0-1 France 🇫🇷 pic.twitter.com/QU1KfUv345