Алексис Санчез се чини
дека е веќе минато за Арсенал, тоа на некој начин се потврди и во победата кај
Кристал Палас на гостински терен кога Чилеанецот ги „молеше“ своите соиграчи да
му се приклучат на славењето на погодоците, а некои дури и стоеја во место на
својата половина.
Кај има чад, има и оган: Чудна реакција на Кошчиелни по голот на Санчез (ВИДЕО)
Дека има голем раскол во
соблекувалната на Арсенал нема никакви дилеми, па со право може да се каже дека
сите во клубот кренаа раце од Чилеанецот чиј договор истекува идното лето, а
како следна дестинација за него се споменува Манчестер Сити.
Неговата замена која
медиумите на Островот ја наведоа не игра многу далеку од „Емирејтс“ во Лондон,
тоа е крилниот офанзивец на Кристап Палас, 25 годишниот Вилфред Заха кој важи
за еден од најдобрите во Премиерлигата на својата позиција, ако не и најдобар.
Сепак, вреди да се
напомене дека шефот на стручниот штаб на Кристал Палас, Рој Хоџсон истакна дека
Заха нема да си замине идниот месец, во јануарскиот преоден рок, а од друга
страна за неговиот потпис сериозно се во исчекување Тотенхем, Челси, како и
Манчестер Сити.
Заха инаку има важечки
договор со Кристал Палас до 2022. година, што му дава голем комодитет на тимот
од Лондон во преговорите со заинтересираните екипи.