Само шест меча суспензија за Шкупи за големиот инцидент на Чаир

by
1 минути читање

Шкупи веќе одигра еден натпревар надвор од Чаир, на Скопје му беше домаќин во Кичево, па им останаа уште пет меча да одиграат на најмалку 100 километри одалеченост од својот стадион.

Казната која ја определи дисциплинската комисија на ФФМ е смешна ако се земе во предвид сериозноста на инцидентот. Навивачи на Шкупи влегоа на теренот и тргнаа да ги тепаат фудбалерите на Шкендија кои спасија жива глава само благодарение на специјалните единици кои беа присутни на мечот.

Нема да биде изненадување ако и оваа казна на Шкупи биде намалена по жалба на чаирскиот клуб.

Да потсетиме дека натпреварот меѓу Шкупи и Шкендија не се доигра, беше регистриран со службени 3:0 за гостите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани