Само реми за Наполи од гостувањето кај Каљари, 90 минути за Елмас (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Екипата на Наполи
одигра реми со резултат 1-1 на гостувањето кај Каљари, резултат кој воопшто не
е добар за фаворитот кому му беше потребна победа во трката за титулата во
Серија А.

Нашиот
репрезентативец Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути во таборот на гостите, кои
преки Осимен во 87 минута успеаа да спасат бод од ова гостување.

Наполи има
идентично бодовно салдо со Милан (54) на второто место на табелата во Серија А,
кој пак има и меч повеќе од тимот на Елмас, а првопласираниот Интер има
предност од само два бода на врвот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани