61
Против Швајцарија капитен беше Марсело, против Костарика лентата ја носеше Тијаго Силва, а против Србија Жоао Миранда. На пријателскиот меч против Хрватска пред почетокот на Светското првенство капитен беше Габриел Жесус.
Ваквата ротанција ја воведе селекторот Тите откако стигна информацијата дека Дани Алвеш кој беше капитен, нема да игра на Светското првенство поради повреда.
„Дани беше нашиот капитен, но ќе ја задржиме ротацијата. Најискусните и оние кои се „тестирани“ најчесто ќе бидат капитени“ речи Тите пред да започне со ротацијата.
Останува да видиме кој ќе биде капитенот за дуелот со Мексико. Ако Тите одлучил да ги менува според позиција, лената треба да ја добие Фагнер, бидејќи почна од левиот бек Марсело, па средните дефанзивци Тијаго Силва и Миранда.