Салихамиџиќ се пофали, Баерн без да плати едно евро успеал да го ангажира Кансело

by
1 минути читање

Во последните денови од зимскиот преоден рок, Манчестер Сити му дозволи на Жоaо Кансело да се пресели во Баерн Минхен.

Десниот бек изминативе години беше еден од најдобрите играчи на „граѓаните“, па многумина беа изненадени од одлуката на шампионот на Англија.

Баерн Минхен сега се пофали дека зделката била прилично поволна за нив, тие не платиле ниту едно евро за позајмицата до крајот на сезоната.

„Не плативме ништо за да го ангажираме Кансело, ова се должи на одличната мрежа која ја имаме креирано“ – вели спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани