Мохамед Салах продолжува да испишува историја во Премиер лигата. Ѕвездата на Ливерпул е прогласен за најдобар фудбалер на сезоната, со што уште еднаш ја потврди својата класа и влијание во англискиот фудбал.
Со ова признание, Египќанецот стана само петтиот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој повеќе од еднаш ја освојува оваа престижна награда. Друштвото во кое се најде е навистина елитно – Тјери Анри, Кристијано Роналдо, Немања Видиќ и Кевин Де Брујне се единствените кои досега го постигнале истиот подвиг.
Сезонава Салах повторно беше лидер на „црвените“, со голови, асистенции и магични потези што често правеа разлика на теренот. Ова признание само ја зацврсти неговата позиција меѓу легендите на Премиер лигата.
Во Премиер лигашкото друштво оваа кампања Салах постигна 28 погодоци и забележа 18 асистенции.