Египќанецот Мохамед Салах е прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата за оваа сезона, откако доби речиси 90 отсто од гласовите на спортските новинари.
На гласањето учествуваа 918 новинари, а напаѓачот на Ливерпул со убедливо водство ги остави зад себе соиграчот Вирџил ван Дајк и шведскиот ас од Њукасл, Александар Исаак.
Салах со ова признание се израмни со легендарниот Тиери Анри, станувајќи само вториот фудбалер кој оваа награда ја освојува трипати во кариерата. Но, исто така стана и првиот кој во 21. век стигна до наградата со 90% од гласовите.
Во сезоната што сè уште не е завршена, Салах веќе има постигнато 33 голови во сите натпреварувања, од кои 28 во Премиер лигата со што му помогна на Ливерпул да стигне до својата втора шампионска титула.
Со новата награда, Салах уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите фудбалери на денешницата и еден од најважните во успехот на Ливерпул.
Фото: Liverpool FC/X