Мохамед Салах го
деактивираше профилот на Твитер, откако објави една порака со која вчера ги
збуни фановите, денес на неговиот профил на Твитер немаше објави, истите беа
избришани.
Египјанецот од
редовите на Ливерпул напиша: “2019 Резолуција: Време е
да стапиме во контакт, вистински“, а веднаш потоа „исчезнаа“ сите негови
објави, што доведе до загриженост кај фановите кои помислија дека првата ѕвезда
на Премиерлигашот се повлекува од социјалните мрежи.
Некои пак,
веруваат дека пораката на Салах е одговор до куќата на фудбалот во Египет по
спорниот детал со правата околу него, а некои сметаат дека ова беше доста
задоцнета објава на фудбалерот за новата година.
Пораката на Салах
остави многу прашања на Островот околу вистинското значење на истата, а
фановите на Ливерпул се надеваат дека тој се повлекува од социјалните мрежи за
целосно да се посвети на големиот предизвик за клубот оваа сезона, битката со
Манчестер Сити за титулата во Премиерлигата, каде во моментов тимот од Енфилд е
во „пол-позиција“.