Салах може да направи изненадувачки трансфер, добива договор вреден над десет милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах е на чекор до сензационален трансфер во Бешикташ, пренесуваат дел од медиумите. Според последните информации, двете страни постигнале договор, а останува да се финализираат последните детали пред официјалното потпишување.

Наводно, Салах во редовите на истанбулскиот гигант ќе заработува 10 милиони евра годишно, со можност за дополнителни два милиони евра преку бонуси поврзани со настапите и резултатите на тимот. Договорот, според најавите, ќе биде на една сезона, со опција за продолжување на соработката за уште една година.

Доколку трансферот се реализира, Бешикташ ќе добие едно од најголемите засилувања во својата понова историја, а доаѓањето на египетската ѕвезда би било и еден од најзвучните трансфери ова лето во турскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×