Полицијата втор ден трага по урнатиот авион во кој беше фудбалерот Сала, речиси и да не постои надеж за добри вести.
Последните информации велат дека Сала пред да се случи несреќата испратил порака до своето семејство и соопштил дека веројатно ќе се урнат.
„Во авионот сум. Изгледа како да ќе се урне. Доколку за час и половина не слушнете ништо од мене, не знам дали ќе пратат некој да ме собере бидејќи нема да ме најдат… се плашам“, гласела пораката на Сала до неговото семејство.
Од полицијата информираат дека потрагата продолжила, но не очекуваат позитивни вести. Условите во морето во овој период од годината се лоши.
Сала требаше да биде најскапото засилување во историјата на Кардиф кој за овој трансфер се согласи на Нант да му плати 15 милиони фунти.