98
Шкендија го заврши настапот во Европа откако загуби на пенали од АИК.
„Горд за сѐ што покажавме, а тоа е дека знаеме да играме фудбал, да бидеме рамноправни со сите. Иако заслуживме да бидеме победници на двата меча, не секогаш подобриот победува, а кога станува збор за пеналите, тоа е среќа и лотарија. Никогаш не си сигурен во голот и тоа нам ни се случи, испаднавме од Европа, но од утре ќе размислуваме за следните предизвици“, вели Шаќири.
„Градиме еден тим на долг рок, ќе има освежувања, ќе има и засилувања. Подготвуваме една Шкендија за подолги стази. Животот продолжува, Хасани е капитен, јасно е дека е разочаран…“