Сака го налути Карвахал, Шпанецот на полувреме предизвика вербален дуел! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид и Арсенал го одиграа реванш дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. „Кралевите“ немаа сили за да се вратат во двомечот, а на полувреме немаше голови.

Букајо Сака не искористи шанса да донесе предност за „топчиите“, откако изведе пенал со паненка и Куртоа му го одбрани. Тоа веројатно не му се допадна на Дани Карвахал, кој иако повреден беше крај аут-линијата на полувремето.

Шпанскиот бек му пријде на Сака и двајцата влегоа во вербален дуел, по што беа разделени од соиграчите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани