Шабани: Искрено, не очекувавме ваква импресивна серија

by
1 минути читање

Струга Трим Лум има импресивна серија на стартот од новата сезона, тимот на Срѓан Захариевски има осум победи од осум натпревари и е далеку пред другите на табелата.

Капитенот на тимот, Буњамин Шабани ја истакнува одличната атмосфера во тимот како еден од клучните фактори за успехот.

„Во Струга сите сме среќни за овој успех. Да бидам искрен, не очекувавме ваква импресивна серија, осум натпревари – осум победи. Според мене, клучот за успехот се вредностите на фудбалерите и посветеноста на сите. Дружбата која ја имаме во тимот“, вели Шабани.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×