Рутинска победа на Македонија обезбедена за половина час (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Македонија имаше фуриозен старт на мечот, сите четири гола ги постигнавме во првиот половина час од мечот, а потоа само рутински го приведовме до крај.

Возбудувањата почнаа уште во четвртата минута кога Барди постигна прекрасен гол од слободен удар за водство на Македонија од 1-0.

Потоа следуваше шоу на Миовски. Тој во седмата минута ја погоди пречката од голот на Гибралтар како најава за тоа што следува.

Миовски во 14. минута даде гол со глава по еден центаршут на Барди, тоа беше негов прв погодок за македонската сениорска репрезентација.

Само две минути подоцна Миовски постигна уште еден гол, овојпат одлично се снајде во шеснаесетникот и погоди за водство од 3-0.

Во 31. минута одлично проигрување на Барди до Тодоровски кој асистираше до Чурлинов а тој лесно реализираше за водство од 4-0 што беше и конечен резултат.

Во продолжението од мечот момците на Милевски ја тргнаа ногата од гас и само рутински го приведоа мечот. Во судиското продолжение Валон Етеми со прекрасен шут ја погоди стативата.

Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

×