Рускиот селектор: Вчера бев опуштен, таков сум и денес, зошто би бил под стрес?

by
1 минути читање

Русија тргна со
убедлива победа од 5-0 против аутсајдерот Саудиска Арабија на Светското
првенство, иако победата беше очекувана за домаќинот на Мундијалот, сепак,
големата разлика на теренот помалку беше и изненадувачка за многумина.

Селекторот на
Зборнаја, Станислав Черчесов уверува дека бил релаксиран во текот на вчерашниот
ден во пресрет на отворањето со Саудиска Арабија, меч кој беше од огромно
значење за Русија.

Понекогаш ова е
задоволство за фановите, некогаш помалку од тоа. Како и да е, ние сме искрени
во тоа што го правиме. Бев релаксиран вчера, таков сум и денес бидејќи ги знам
моите фудбалери. Задоволство и чест е да се работи со нив. Секој тренер зависи
од фудбалерите, затоа сум опуштен, зошто би бил под стрес?
“ рече Черчесов на
пресконференцијата по мечот.

Русија во второто
коло од групата „А“
ќе ги одмери силите со Египет на Мохамед Салах на 19 јуни, а утре во истата
конкуренција ќе се сретнат Египет и Уругвај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани