Рушевиќ со деби гол за Работнички донесе победа против Лвов

by
1 минути читање

Екипата на
Работнички славеше минимална победа од 1-0 против украинскиот прволигаш Лвов во
контролниот меч како дел од подготовките кои Дебармаалци ги извршуваат во
Анталија, Турција.

Стрелец на
единствениот гол за „Романтичарите“ беше новото засилување за тимот, Анес
Рушевиќ кој со својот дебитантски гол во 40 минута донесе минимален триумф за
македонскиот тим.

За Работнички
претстои уште една контролка во Анталија, и тоа против послкиот прволигаш
Краковија.

„Романтичарите“
со 22 бода се наоѓаат на осмото место на табелата во Првата македонска
фудбалска лига, поточно на една позиција над позицијата која води во плејофот
за опстанок.


Фото-вест:
ФК Работнички (Facebook)

Можно е и ова да ти се допаѓа

×