Руни верува дека некои играчи на Јунајтед се кријат зад повредите, можат да играат, а не сакаат!

by riste
1 минути читање

Легендарниот Вејн Руни има критики за играчите на Манчестер јунајтед по вчерашниот пораз во дербито против Арсенал.

Руни верува дека дел од фудбалерите кои се повредени можат да играат, но намерно не сакаат со цел да се штедат пред Европското првенство.

„Има некои добри фудбалери во составот кои играат многу под своето ниво. Кога ги гледам повредите што ги заработиле, некои од повредените фудбалери можат да играат, сто проценти сум уверен во тоа“, вели Руни.

„Кога ви претстои Европско првенство и финале во ФА Купот, се случува некои фудбалери малку да бидат надвор од стројот, да се вратат за финалето и да бидат подготвени за Европското првенство. Сум го гледал тоа низ годините“.

„Фудбалерите кои се повредени во моментов не се обвинуваат. Сите критики одат на адреса на тренерот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани