Поранешниот тренер на Челси, Лијам Розениор, денеска потпиша двегодишен договор со францускиот фудбалски клуб Париз.
Розениор во април доби отказ од Челси, по само четири месеци поминати на „Стемфорд Бриџ“.
Англискиот стратег претходно беше тренер на Стразбур, а сега во Париз ќе го замени Антоан Комбуаре, откако клубот минатата сезона ја заврши на 11. место во Лига 1.
Розениор ја започна тренерската кариера во тимот на Брајтон до 23 години, по што се пресели во Дерби Каунти, каде што прво беше асистент на Вејн Руни, а потоа работеше како привремен шеф на стручниот штаб.
Во 2022 година беше именуван за тренер на Хал Сити. Во првата сезона го одведе тимот до 15. место во Чемпионшип, а во втората до седмата позиција, но доби отказ откако екипата не успеа да избори пласман во плеј-офот.
🚨⚪️🔵 OFFICIAL: Liam Rosenior is back! All signed with Paris FC, as reported since last week.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 7, 2026
Former Chelsea and Strasbourg coach has agreed all terms and returns to Ligue1. 🇫🇷 pic.twitter.com/2hnB89iwiV