Роналдо за трансферот во Саудиска Арабија доби уникатен часовник со 388 цаворит камења (ФОТО)

by
2 минути читање

По разделбата со
Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо се реши за авантура во Саудиска Арбија
каде ќе заработува околу 200 милиони евра годишно.

„Јас сум уникатен
фудбалер, затоа и договорот е таков!“
– одговори Кристијано Роналдо кога беше
промовиран како нов фудбалер на Ал Наср.

Но не е само
платата уникатна, Производителот на луксузни часовници „Џејкоб
& Ко“ го одбележа трансферот со уникатен
рачен часовник.

Куќиштето на чосовникот
е направено од 18-картно бело злато, и е покриено со 388 скапоцени камења од
цаворит. Камењата од цаворит се најскапите и најретките од сите гранити, и
нивната зелна боја е во чест на бојата што доминира на знамето на Саудиска
Арабија. Уште еден детаљ од часовникот е во чест на Саудиска Арабија, ременот е
направен од зелена кожа од алигатор.

Луксузниот
часовник е направен специјално за Кристијано Роналдо и нема да биде пуштен во
продажба, се проценува дека неговата вредноста на пазарот би изнесувала околу
780.000 долари (околу 715.000 евра).

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани